Протерани двајца американски дипломати од Русија поради „врски со шпион“

Знаме на Русија/ Фото: ЕПА

Руските власти денеска соопштија дека протерале двајца вработени во американската Амбасада поради наводна „врска“ со Роберт Шонов, поранешен вработен во американскиот конзулат обвинет од Москва за шпионирање.

Шонов, кој работел за американскиот конзулат во Владивосток, беше обвинет за наводно пренесување информации за конфликтот во Украина на американски дипломати, тврдење што САД го отфрлија.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека двајцата американски дипломати – Џеф Силин и Дејвид Бернштајн – спровеле „незаконски активности преку поврзување со рускиот државјанин, (Роберт) Шонов“.

„На американскиот амбасадор му беше кажано дека Силин и Бернштајн мора да ја напуштат територијата на Русија во рок од седум дена под статус на персона нон грата“, се вели во соопштението.

САД остро го осудија апсењето на Шонов во мај, обвинувајќи ја Русија дека користи „се порепресивни закони против сопствените граѓани“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот