Пропадна продажбата на Манчестер Јунајтед

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Долго се најавуваше, имаше информации дека е се завршено, но на крајот – ништо!

Семејството Глејзер на крајот одлучи да го тргне Манчестер Јунајтед од пазарот и воопшто да не чекаат нови понуди, oбјавија британските медиуми.

Пред девет месеци семејството објави дека клубот е на продажба и како најсериозни кандидати до крајот важеа катарскиот шеик Џасим и британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф.

Изгледаше дека трката ја добил Катарецот и се најавуваше дека е потребно само официјализација на документите.

На крајот сепак, зделката пропадна. Веднаш по таквата информација акциите на Манчестер Јунајтед на њујоршката берза паднаа од 23.66 долари на 19.35 долари. Главната причина поради откажувањето наводно е тоа што никој не бил спремен да плати шест милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот