Пронајдено телото на велешанецот Димовски кој ѝ помагаше на екипа на ЕВН (ВИДЕО)

По три недели откако исчезна помагајќи на екипа на ЕВН, денеска е пронајдено телото на Спасе Димовски, кого поројница го однесе во селото Белештевица. Неговото тело е пронајдено во близина на вливот на Бабуна во Вардар, низводно од Велес, а член на потесното семејство потврди дека станува збор за Димовски.

Телото на Димовски било забележано претпладнево како плови по Вардар низ Велес, по што екипа за спасување и безбедност при општинскиот Црвен крст тргнала во потрага со чамец на територијалната противпожарна единица.

Спасе Димовски исчезна на 6 август околу 14:47 часот кај село Белештевица, Велешко, кога со неговиот трактор им помагал на екипи на ЕВН да се извлечат од кал. По телото се трагаше три седмици по течението на Вардар, од вливот на Пчиња, па до Ногаевци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот