Пронајдено девојчето од Борча, мајката ја потврди среќната вест за медиумите

Српската јавност е во потрага по Сара Петровиќ, откако денес на пладне и се губи секаков траг

Пронајдена е Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград која исчезна денеска околу 13 часот, и последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“ јавуваат српските медиуми.

Веста дека е пронајдена за српски „Телеграф“ ја потврдила нејзината мајка.

– Да, пронајдена е, но не знаеме каде била. Работиме да дознаеме – изјави мајката за српскиот медиум.

За потсетување, С.Р. последен пат беше видена во ресторанот „Франш“  околу 13 часот, а нејзината мајка плаќејќи за „Телеграф“ изјави дека само сака што поскоро да си го најде детето и дека се сомнева дека станува збор дека таа била киднапирана.

– Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што е можно поскоро. Сега одам во полициска станица. Таа се враќала од забава во Младеновац и оттогаш и се губи секаква трага. И се јавив, некој ми одговори, јас слушав бучава во автобусот, но не беше таа. Не знам што се случи со неа! Што ако моето дете го киднапираат. Бившиот мој сопруг реагираше побурно, кога ќерками му одговорила дека ќе дојде кај мене, но оттогаш не дојде.  Нејзиниот телефон е вклучен, ќе се обидеме да го лоцираме нејзиниот телефон. Ги молам сите да помогнат, ако ја видите, кажете ми, ве молам“, изјави мајката на С.Р. денес за српските медиуми.

Исчезна 17 годишна девојка во Белград, родителите стравуваат дека е киднапирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот