Исчезна 17 годишна девојка во Белград, родителите стравуваат дека е киднапирана

Српската јавност е во потрага по Сара Петровиќ, откако денес на пладне и се губи секаков траг

Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград, исчезна денеска околу 13 часот, последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“, јавуваат српските медиуми.

Нејзината мајка плачејќи за тамошните медиуми изјавила дека само сака детето што побрзо да го најде и дека се сомнева оти е киднапирана.

“Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска станица. Се враќаше од забавата во Младеновац и оттогаш ја нема. И се јавив, ми крена некој, слушнав врева во автобусот, ама нејзе не ја чув. Не знам што се случува! Што ако моето дете е киднапирано?“, изјави таа за Телеграф.

Притнскирн – Инстаграм

Според информациите, таа се качила во автобус на автобуската станица кај Зелени венац.

– Само кажа дека заспала во автобусот и оттогаш и се губи секаква трага. На нејзиниот телефон се јавува непознато машко лице. Не знаеме дали се работи за киднапирање или за кражба – се наведува во пост на Инстаграм.

Сара е висока 165 см, има кафена коса и очи, а има тенка градба. Како што наведуваат српските медиуми таа била облечена во црно и носела црн ранец.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот