Пронајдени две жртви на свлечиштето во Јапонија, се трага по исчезнатите

Фото: Принтскрин

По огромното свлечиште во јапонскиот југо-западен град Атами, во префектурата Шизуока, локалните медиуми јавуваат дека спасувачите во остатоците од вода и кал пронашле две тела, а судбината на 20 други се уште е непозната, јави ДПА.

Огромниот млаз вода што мина низ Атами бил предизвикан од обилните врнежи од дожд, а притоа се уништени и неколку куќи.

Спасувачките екипи се уште трагаат по исчезнатите.

ВИДЕО | Тропските дождови создадоа голем одрон во Јапонија: Исчезнати се најмалку 20 лица

На околу 25.000 луѓе им е соопштено дека треба се преселат на побезбедни места, бидејќи владата прогласи вонредна состојба во областа. Армијата е распоредена во помош на настраданите, додаде ДПА.

Напливот на вода и кал бил предизвикан од обилните врнежи од дожд долж јапонскиот брег на Пацификот. Поројните врнежи доведоа до прекин на железничките услуги, вклучувајќи ги и брзите возови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот