Пронајдена марихуана во Кавадарци, приведени три лица

Полиција / Фото: МВР

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при полициската станица Кавадарци вчера го лишиле од слобода П. М. (40) од Кавадарци.
Како што соопшти МВР, П.М. бил лишен од слобода на улица „Благој Крстиќ” во Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања бела прашкаста материја, неколку пакувања кафеава прашкаста материја, две дигитални ваги, пари во различни валути и апоени и други предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.

Претходно, во 13:30 часот на улица „Киро Спанџов” во неговото паркирано возило бил затекнат И. П. (40) од Кавадарци, а во возилото бил и А. М. (36) од Кавадарци. При преглед кај нив и во возилото, кај И.П. била пронајдена и одземена марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот