Промовирани обележаните планинско – велосипедски патеки на Попова Шапка

Здружение „Планинарски клуб Шара Ски – Тетово“ денеска ги промовираше обележаните крос-кантри планинско-велосипедски патеки на Попова Шапка.

– Примарна цел на Проектот е маркирање и обележување на постоечките крос- кантри планинско-велосипедски патеки на Попова Шапка. Секундарни цели на Проектот се подобрување на атракциско – мотивациските фактори и туристичката понуда, со цел зголемување на туристичкиот прилив по основ на туристички доаѓања, како и развој на туризмот на Попова Шапка – велат од здружението

Тие додаваат дека преку подготовка на флаери, брошури на македонски, англиски, албански и германски јазик, целта им е запознавање на туристите со крос-кантри патеките на Попова Шапка.

– Инфо – пакетот содржи информации за името, локацијата и должината на крос-кантри патеките, како и висинската разлика, потребното време за возење на секоја од патеките, инфраструктурните објекти долж патеката и слично. Промовирано е и видео за маркацијата и за карактеристиките на крос-кантри планинско-велосипедските патеки на Попова Шапка“ – истакнаа од Здружението „Планинарски клуб Шара ски“ – Тетово.

Со Проектот се обновени и дополнети постоечките маркации на патеките, подготвени и поставени се патокази, маркирани се патеките со ГПС уред, впишани се координати и карактеристики на патеките, одредени се места за почетна и крајна точка на патеките, пауза долж патеката, исцрани се мапи од секоја патека со сите поодатоци. Овие места се поставени и пред платото на терасата на комплексот „ Конак“, од каде се почетните точки на рутите.

– Проектот е придонес кон групирање на едно место на туристичките потенцијали на крос-кантри планинско-велосипедските патеки со кои располага Шар Планина, како придонес кон атракциско – мотивациските фактори на Шапка – констатираат од „Планинарскиот клуб Шара Ски – Тетово“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот