Профитот на Фолксваген падна за 30 отсто поради послабата продажба во Кина

Архива

Профитот на Фолксваген падна за 30 отсто во првите три месеци од годината поради падот на продажбата во Кина, каде што се соочува со зголемена домашна конкуренција. Германскиот производител на автомобили денеска објави дека неговиот профит паднал на 4,7 од 6,7 милијарди евра колку што изнесуваше во првиот квартал од минатата година.

Бројот на продадени возила се зголеми за 7,5 отсто, на 2,04 милиони, додека приходите скокнаа за 21,5 отсто, на 76,2 милијарди евра, поради силната побарувачка и подготвеноста на купувачите да издвојат повеќе пари за автомобили.

Сепак, Фолксваген продаде 14,5 отсто помалку возила во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили, каде ривалите како БЈД брзо развиваат нови електрични и хибридни возила. Фолксваген изрази уверување дека поголем број од неговите модели и повеќе технолошки карактеристики специфични за Кина ќе значат дека испораките на возила во земјата ќе „закрепнат до крајот на годината“.

Компанијата исто така изјави дека планира да инвестира една милијарда евра во нов иновативен центар за електрични автомобили со седиште во кинескиот град Хефеи, пишува Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот