Привршува изградбата на првиот плоштад и новиот парк во Бутел 1

Фото: Општина Бутел

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски” во населбата Бутел 1, на местото на разрушениот и пропаднат објект, во завршна фаза со изградба е новиот рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини, а при крај е и холтикултурното уредување со кое ќе се разубави овој простор.

На 2000 м2 се протега новиот парк, а новиот плоштад кој воедно е и прв во општина Бутел на 500 м2. Покрај тоа новиот рекреативен комплекс содржи и ново детско катче за најмладите, нова пешачка патека која го поврзува плоштадот со училиштето и ново осветлување. За прв пат се изгради и амфитеатар кој ќе можат граѓаните да го користат, но и сите ученици за разни манифестации – вели градоначалникот Дарко Костовски.

Според градоначалникот, реализацијата на проектот е на барање на жителите на населбата Бутел 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот