Приведени двајца дилери во Кавадарци, кај нив била пронајдена марихуана и хашиш

Фото: МИА

Полицијата вчера привела двајца дилери од Кавадарци, откако кај нив била пронајдена марихуана и хашиш.

„На 24.12.2023 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.Р.(21) и Ш.Д.(19), двајцата од Кавадарци. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пет пакувања со марихуана и едно пакување со хашиш“, информираат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот