Приведени дрвокрадци во велешко, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Дрва за огрев / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во саботата, од страна на полицијата се приведени четири лица од велешкото село Бузалково откако биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво во атарот на селото Сопот.

„На 14.10.2023 во 16.00 часот во атар на с.Сопот, велешко, полициски службеници од СВР Велес и од Шумска полиција ги лишиле од слобода Т.С.(51), Е.И.(28), Џ.И.(40), М.Ј.(39), Х.С.(35) и С.С.(35), сите од с. Бузалково, велешко. Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво и кај нив биле пронајдени три моторни пили и товарно возило натоварено со четири кубни метри исечено огревно дрво, а во близина на местото биле пронајдени уште 10 кубни метри исечено огревно дрво. Возилото и пилите биле одземени за понатамошна постапка, а дрвата ќе бидат преземени од Шумска полиција и Шумско стопанство“, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Приведени двајца дрвокрадци во дебарско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот