Приведени четири лица кај езерото Младост, кога ги стопирала полицијата едниот од нив фрлил марихуана

Фото: Архива/Слободен печат

Доцна синоќа, во 00.50 часот, на езерото Младост во Велес биле приведени четири лица.

Како што информираат од СВР Велес биле приведени Н.Ѓ. (27) од Чашка, В.М. (31), Н.А. (25) и 27-годишната В.К., сите од Велес.

При контрола на патничко возило „бмв“, со велешки регистарки ознаки, управувано од Н.Ѓ., а другите лица биле сопатници, В.М. фрлил пакување со марихуана, кое е пронајдено и одземено.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот