Приведен велешанец кој насилно одзел паричник од старица

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Вчера полициски службеници од СВР Велес привеле 40 годишен велешанец кој сесомничи дека насилно одзел паричник од старица.

„На 10.08.2023 во 13.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К (40) од Велес, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво”. Имено, истиот ден на ул.„Илинденска” во Велес тој физички ја нападнал М.М (76) од Велес, при што ѝ одзел паричник со пари“, информираат од МВР.

Лицето е приведено во Полициската станица Велес, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот