Приведен Охриѓанец, полицијата пронајде марихуана во неговиот дом

Пронајдената марихуана/Фото: МВР

Полицијата вчеравечер го приведе И.Ш.(44) од Охрид. При претрес во неговиот дом, полицијата пронашла и одзела марихуана и дробилка.

На 28.04.2023 во 20.00 часот од полициски службеници од СВР Охрид-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје во Охрид бил лишен од слобода И.Ш.(44) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка, се вели во соопшението од МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот