Приведен маж од скопско, при претрес во неговиот дом пронајдени пушки

Фото: МВР

Вчера, во скопското село Долно Количани полицијата го привела триесет и петгодишниот М.И откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени пушки.

„Денеска (25.09.2023) во с.Долно Количани, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(35) од с.Долно Количани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.“

Како што информира МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот