Приведен криумчар на мигранти, се обидел да избега од полицијата па удрил во столб

Апсење/Фото: МИА

Вчера околу 17.00 часот на железничкиот премин на регионалниот пат село Миравци-село Давидово, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 40-годишниот П.Р. од Скопје затоа што во возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти од Сирија, извести МВР.

„Имено, претходно, на клучка Гевгелија на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање, но возилото продолжило со движење и се исклучило на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, каде што удрило во столб, по што застанало. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а возачот П.Р. бил фатен и лишен од слобода“, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот