Приведен крадец баран со потерница

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Полицијата денеска го лишела од слобода триесет и петгодишниот Ф.М кој бил баран со потерница поради сторено кривчно дело „тешк кражба“.

„На 03.10.2023 во 12.55 часот во Скопје на подрачје на Гази Баба полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(35) од Скопје. Тој се барал со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје, како осудено лице на казна затвор поради сторено кривично дело „тешка кражба”, по чл.236 од Кривичниот законик“.

Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот