Приведен 64-годишен виничанец кој крадел низ објекти во Гостивар

Полициски службеник / Фото: Архива

Шеесет и четиригодишен виничанец е приведен вчера под сомнение дека извршил низа кражби во Гостивар.

„Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (12 март) околу 17.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар го лишиле од слобода Џ.А.(64) од Виница. Тој се сомничи дека претходно во трговски објект на истата улица одзел повеќе предмети“, информираат од МВР.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот