Приватните превозници ги паркираа своите автобуси пред Град Скопје, чекаат средба со Арсовска

Фото: „Слобода превоз“

Возачите со шест приватни автобуси утрово пристигнаа пред Град Скопје и во моментов сеуште чекаат градоначалничката Данела Арсовска да ги прими на средба која ја бараат веќе неколку денови.

Возачите на „Слобода превоз“ и на „Макекспрес“ својот револт од нередовната исплата која ја имаат од страна на ЈСП „Скопје“ деновиве ја изразуваат со несообраќање по скопските сообраќајници според однапред утврдениот возен ред, а вчера во попладневните часови координативното тело донело одлука дека ќе стапат во штрајк.

– Утрово возачите со шест автобуси пристигнаа пред седиштето на Град Скопје каде и во моментов чекаат средба со градоначалничката. Првично, автобусите беа паркирани на едната коловозна лента на булеварот „Илинден“, но возачите немаа никаква намера да го попречуваат сообраќајот па возилата набрзо беа препаркирани за да не пречат во нормалното одвивање на сообраќајот – вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

Според најавите на приватните автобуски превозници, тие пред Град Скопје ќе останат до крајот на работното време на градоначалничката, со надеж дека денеска ќе ги прими на разговор, за како што велат, конечно да се надминат проблемите кои се појавија со автобускиот превоз во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот