pixabay

Приватен детектив открива како веднаш да откриете дека партнерот ве изневерува

Луѓето изневеруваат од различни причини. Некои за тоа го наведуваат недостаток на емоционална поврзаност со нивниот партнер, додека други започнуваат врски со други луѓе поради финансиска зависност, наведува Американската социолошка асоцијација (ASA).

Едно истражување кое го спровел институтот „Кинси“ открило дека 23 проценти од слободните мажи и 19 проценти од слободните жени признале дека изневерувале, а тој јаз станува значително поголем кога станува збор за брачни парови.

Пол Џонс, приватен детектив од „ARF Investigators“, за „The Mirror“ изјави дека постојат голем број суптилни знаци што можат да кажат дали вашиот партнер има афера.

„Многу често нема да го фатиме нашиот партнер на дело, туку преку мали траги – како што се повеќе време на работа, нов интерес или поголема грижа за изгледот – но она што многумина го пропуштаат е фактот дека често постои дигитална трага за секое наше дејство“, објасни Џонс за споменатиот медиум.

Тој опиша и конкретен случај од неговата пракса, кога клиентката се посомневала дека нејзиниот сопруг ја изневерува – врз основа на сосема неочекуван детаљ: тој не ги миел забите наутро и навечер како што правел дотогаш и како што прават повеќето луѓе.

Наместо тоа, сопругот практикувал орална хигиена во сосема случајни делови од денот. Во обид да открие што навистина се случува, жената наводно инсталирала апликација за следење на миењето на забите. Таа претходно ја користела апликацијата за своите деца, но потоа ја искористила за да ги следи навиките на нејзиниот сопруг.

„Со текот на времето забележала дека тој ги мие забите во чудни термини – во време кога би требало да биде на работа“, објасни Џонс.

Наскоро таа ја забележала шемата: во петок наутро после 10 часот, нејзиниот сопруг си ги миел забите.

„Не ѝ било јасно зошто апликацијата бележи дека нејзиниот сопруг си ги мие забите во 10:48 часот наутро, кога веќе со часови требало да биде на работа“, рече Џонс.

На крајот, таа открила дека нејзиниот сопруг веќе три месеци не оди на работа во петоците, туку има афера со колешка.

„Податоците не лажат“, додава Џонс. „Тие имаат временска ознака, честопати и локација, и се лишени од емоции. Кога уредот ќе забележи дека некој си ги измил забите во 10:48, а работното време започнува во 9 – тоа тешко може да се објасни.“

Кои се другите знаци дека вашиот партнер ве изневерува?

Том Мартин, поранешен федерален агент и еден од најпознатите приватни истражители, претходно наведе голем број знаци што можат да укажуваат на неверство во врска или брак.

Меѓу нив се:

– подолго останување на работа,

– неочекувани деловни патувања,

– недостаток на интерес за сексуални односи со партнерот,

– необјаснети предмети во автомобилот,

– скриени кредитни картички,

– тајни профили на социјалните мрежи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот