Притвор за тетовец, криел марихуана во долна облека

Марихуана/Фото: EPA

Откако вчера попладне беше приведен поради откриена марихуана кај него, денеска попладне 34-годишниот Б.Р од Тетово доби 30 дена притвор од страна на судија во претходна постапка, информираат од СВР Тетово.

Кај 34-годишникот, инаку познат на полицијата за слични дела, биле откриени 45 грама марихуана, а полицијата открила дека ја чувал во долната облека.

-Кај наплатната рампа Желино полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец Б.Р. При негов и преглед на возилото „фолксфаген голф” со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. Тетовецот Б.Р. задржан е во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти претходно од СВР Тетово за приведувањето.

Уште две други лица беа приведени вчера подоцна околу 19:00 часот по претрес во стан и куќа при што беа најдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер кесички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот