Притвор за насилник од Кавадарци кој ги нападнал поранешната девојка и нејзината шестгодишна ќерка

Семејно насилство
Илустрација: Семејно насилство / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Гевгелија ќе спроведе истражна постапка против едно лице од Кавадарци за насилство врз поранешна девојка и нејзината шестгодишна ќерка.

Обвинетиот претходно повеќе пати и пишувал заканувачки пораки дека ќе ја повреди и ќе ја убие бидејќи таа не сакала да има контакт со него. На 16 јануари, како што соопшти ЈО Гевгелија, обвинетиот насилно влегол во домот на оштетената при што физички ја нападнал со бокс во пределот на лицето.

– Осомничениот замавнал кон нив и го удрил девојчето во пределот на лицето. На оштетената го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош. Потоа повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави во пределот на вратот, додека за цело време нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено, молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка И. Навредувајќи ја, тој ја фатил за коса оштетената и со влечење ја симнал во дневната соба. За да го натера да ја пушти мајката, девојчето започнало да фрла кон осомничениот со портокали, по што тој започнал да ја тресе ќерката, ја дигнал и силно ја фрлил на седечката гарнитура, се вели во соопштението.

Обвинетиот потоа се качил на горниот кат каде кршел и расфрлал предмети. Тој момент го искористила оштетената која целата во крв, боса, ја зела нејзината ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители.

– Од насилството оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе исеченици, контузии и хематоми по целото тело, а со телесни повреди – гребнатинки, модрици и хематоми се здобила и нејзината малолетна ќерка. Со дејствијата осомничениот кај двете предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кое резултирало со бројни психички трауми особено кај 6-годишното девојче, велат од ОЈО Гевгелија.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело.

Судијата го прифатил предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот