Притвор за криминалец, баран со пет потерници, кај него пронајдени кокаин и фалсификувана исправа

Вчера во 14.40 часот во близина на трговски центар на подрачјето на Центар од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Д.Т.(35) од Скопје.  При извршена контрола од полициски службеници било утврдено дека тој се бара по пет распишани потерници за издржување на казна затвор, а при преглед на патничкото возило кое го управувал биле пронајдени две пакувања кокаин. При проверката лицето приложило лажна лична карта, наводно издадена од Р.Словенија, со негова фотографија, но на туѓо име со словенечка адреса на живеење.

Д.Т. бил приведен во Полициска станица Центар и од страна на инспектори од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека лажната лична карта ја набавил од лице од Косово во 2018, преку посредник од Шпанија, додека престојувал таму и ја користел за движење низ европските земји, а во Северна Македонија остварил илегален влез во 2020 година.

По документирање на случајот од страна на СВР Скопје против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор и спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот