ПРИТИСОКОТ ИМ ГИ ПРОМЕНИ ПЛАНОВИТЕ: Фејсбук се откажува од независната криптовалута?

Фото: Профимедиа

Од моментот кога во јуни 2019 година ја најави својата дигитална валута, Фејсбук се соочи со бројни проблеми.

Фејсбук драстично ќе го намали обемот на својот проект за издавање на дигиталната валута Либра, по се поголемиот притисок од финансиските регулатори и политичари, пренесува технолошкиот портал „The Information“.

Повикувајќи се на три извори од истата компанија, порталот наведува дека Фејсбук нема да ја промовира Либра како независна валута, туку таа главно ќе служи за деноминација на веќе постечките валути, како доларот или еврото.

Исти извори наведуваат дека Фејсбук ќе го одложи лансирањето на Калибра, дигиталниот „паричник“ за новата електронска валута, со оглед на тоа дека платформата ќе биде создадена за сите дигитални пари, пренесува „Нова Економија“.

Според новите планови, Калибра ќе излезе во октомври наместо ова лето (како што првобитно е најавено) и нема истовремено да биде достапна ширум светот, тук само во одредени држави.

Од моментот кога во јуни 2019 година ја најави својата дигитална валута, Фејсбук се соочи со бројни проблеми.

Либра требаше на корисниците да им биде достапна преку Фејсбук Месинџер, Вацап или посебни апликации по системот на Калибра, а со неа требаше да управува посебно непрофитно тело составено од технолошки компании, финансиски и невладини организации.

Во месеците откако повеќе централни банки на големи компании го критикуваа планот, прокетот Либра започнаа да го напуштаат одредени компании, по сигналот дека банките би можеле, во согласнот со локалните закони, во потполност да одбијат соработка по прашањето на Либра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот