Пристигнаа првичните бројки од гласањето во Турција, по пребројани околу 30 % од гласовите

Ердоган митинг / Фото EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Врз основа на прелиминарните и нецелосни резултати по 27,9 отсто од обработените избирачки места, актуелниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган води на претседателските избори во Турција, јави агенцијата Анадолија.

Жителите на Турција денеска гласаа на редовните претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за новиот состав на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а излезноста била 88,44 отсто.

Според редоследот на гласачкото ливче во изборната трка за претседател на Турција учествуваат актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган.

Според прелиминарните резултати, обработени се 27,9 отсто од избирачките места, а Ердоган е во водство со 53,92 отсто освоени гласови, според државните медиуми. Следува Киличдароглу со 40,11 отсто и Синан Оган со 5,41 отсто. Мухарем Инџе, кој пред два дена се повлече од изборната трка, и покрај тоа добил 0,56 отсто од гласовите, тврди државната агенција.

Од друга страна, Киличдароглу и неговата партија на социјалните мрежи објавија само дека се во водство, не наведувајќи никакви бројки.

Во трката за турскиот парламент обработени се нешто помалку од десет отсто од избирачките места, а во водство е Народната алијанса, предводена од Партијата на правдата и развојот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот