Фото: Профимедиа

Принцот Хари за првпат по интервјуто разговарал со неговиот брат и татко: Разговорите воопшто не биле продуктивни

Со неговата баба, кралицата Елизабета, до неодамна омилениот внук се уште не се слушнал…

Принцот Хари, војводата од Сасекс за првпат разговарал со својот татко, принцот Чарлс и братот Вилијам по емитувањето на неговото емотивно интервју со сопругата Меган Маркл кај Опра Винфри, пренесуваат англиските медиуми.

„Ги повикав бидејќи сакав всушност да видам како се чувствуваат и вистина е, Хари, разговарал со својот брат и татко. Ми кажаа дека разговорите не биле продуктивни, но драго им е што барем започнале да комуницираат на некој начин“, откри Гејл Кинг (66), водителката на „CBS News“ и пријателка на Меган Маркл.

Фото: Профимедиа

Но, Кинг, које е многу добра пријателка и со Опра Винфри, истакна дека разговорите „не биле продуктивни“ и дека војводите од Сасекс им укажале дека е потребно „кралското семејство да интервенира и да им порача на новинарите да престанат со неправедното и неточно известување, но да престанат и со лажните приказни кои дефинитивно се расно детерминирачки“.

„Мислам дека се уште се вознемирени поради тоа што палатата непрекинато зборува дека сакаат да го решат проблемот приватно, но сепак, им верува на сите оние лажни приказни кои излегуваат и кои се омаловажувачки насочени кон Меган. Никој од кралското семејство се уште не разговарал со Меган Маркл“, изјави Кинг.

Фото: EPA-EFE/STR

„Расната дискриминација е тоа што многу ги погоди и додека другата страна не успее да го препознае тоа, мислам дека тешко ќе се движат напред. Но и двете страни сепак сакаат да одат напред и двете страни сакаат да ги закрепнат односите во семејството. На крајот, тоа сепак е семејството на Хари“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот