
Принцот Вилијам откри кој бил најужасниот подарок што ѝ го подарил на Кејт: „Таа никогаш не ми дозволи да го заборавам тоа“
Познато е дека членовите на британското кралско семејство традиционално си подаруваат подароци за Божиќ кои не чинат многу, но мора да исполнат еден услов – мора да се насмеат едни со други. Така, принцот Хари еднаш на својата баба, кралицата Елизабета ѝ подарил капа за туширање со натпис „Ain’t Life a B****“ (Нели животот е кучка?.
Препорачано
Кејт му подарила на Хари комплет „Направи си сам своја девојка“ пред да почне да излегува со Меган Маркл, а кралот Чарлс од неговата сестра, принцезата Ана, добил бела кожна ВЦ-даска.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам оваа година ја прославија 13-годишнината од бракот. Нивната љубов се разгорела уште во студентските денови, на Универзитетот Св. Ендрјус во Шкотска. Во интервјуто за Би-би-си радио, принцот Вилијам зборуваше на тема подароци и се потсети на најужасниот подарок што ѝ го подарил на својата сопруга Кејт Мидлтон.

„Еднаш на мојата сопруга ѝ подарив двоглед – таа никогаш не ми дозволи да го заборавам тоа“, призна Вилијам низ смеа. Размислувајќи за гестот, тој додаде: „Тоа беше на почетокот на нашата врска – мислам дека тоа го запечати договорот. Не помина добро. Искрено, немам поим зошто ѝ купив двоглед. Изгледаше како добра идеја во тоа време“, објасни принцот Вилијам.
За првиот Божиќ во кралското семејство, принцот Чарлс очигледно заборавил да ѝ каже на принцезата Дијана за традицијата на кралското семејство за евтини божиќни подароци. Иако Дијана била веќе три месеци бремена, и покрај утринската мачнина, сепак одвоила време „да им купи на новите членови на семејството внимателни и скапи подароци“, не сфаќајќи дека таа ќе биде единствената што ќе го стори тоа.

Така, Дијана на принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета, ѝ купила џемпер од кашмир, а од неа добила на подарок држач за тоалетна хартија.
Во тој момент, сите членовите на кралското семејство почнале гласно да се смеат, а Дијана многу се засрамила, пренесол извор близок на британското кралско семејство.