Прилепски насилници нападнале вработени во болница

Тројца прилепчани се уапсени откако вчера нападнале болничар и обезбедувач во прилепската општа болница, соопшти МВР.

„На 17.04.2022, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.М.(46) од Прилеп, З.Ј.(38) од Прилеп и Е.Д.(29) од с.Десово, прилепско, затоа што претходно во кругот на Општа болница Прилеп физички ги нападнале С.Ц.(51), болничар во болницата и Р.П.(48), обезбедување во болницата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот