При ископ на земја пронајдена граната од Втората светска војна

Архива: Граната / Фото: МИА

МВР соопшти дека вчера во 12.08 часот било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Куманово, при ископ на земја со работна машина  – багер, била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.

Во Битола пред два месеци беа пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна.  Под Тумбе Кафе беа отстранети 12.600 неексплодирани гранати од Првата светска војна, кои по скоро еден век беа уништени на Криволак.

Под Тумбе Кафе арсенал гранати од Првата светска војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот