Претседателот Пендаровски оствари телефонски разговор со австрискиот претседател Ван дер Белен

Претседателот на Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, информираат од неговиот кабинет.

„За време на разговорот беа разменети информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.

Претседателот Пендаровски го информираше австрискиот претседател за мерките што државните власти ги преземаат во справувањето со пандемијата, вклучувајќи ја и одлуката за повторно прогласување на вонредна состојба во следните 30 дена.

Во разговорот претседателот Ван дер Белен пренесе дел од австриските искуства и мерките што државата ги презема во справувањето со ширењето на КОВИД-19.

Поздравувајќи ја помошта што дел од компаниите со доминантен австриски капитал во земјата ја дадоа за справување со последиците на пандемијата, како и досегашната помош на ниво на Европската Унија и демонстрираната солидарност со државата, претседателот Пендаровски во разговорот со австрискиот претседател Ван дер Белен ја истакна потребата за сеопфатна помош од страна на Европската Унија за земјите од регионот, за справување со последиците од ширењето на КОВИД-19 на здравствен, економски и социјален план.

Претседателот Пендаровски се заблагодари и за јасната австриска поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија и истакна дека неодамнешната одлука за почеток на пристапните преговори за членство е заслужено признание за напорите на државата во изминатиот период. Претседателот Пендаровски изрази очекување, во овие вонредни околности, Европската Унија да изнајде модалитети за движење на интегративниот процес напред“, се наведува во соопштението на претседателскиот кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот