Претседателот на Уставниот суд Мурати денес ќе се сретне со германскиот амбасадор Герберих

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати денеска ќе одржи средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих.

Судијата Мурати минатата недела имаше средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

По средбата, Тимоние порача дека правната држава има клучна улогa во интеграцискиот процес на земјата во ЕУ и дека Франција ќе го поддржи Уставниот суд да може што подобро да се вклопи, како во политичкиот живот, така и во самото општество на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот