Претседателот на Бугарија од утре во дводневна посета на Косово

Румен Радев/ Фото EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Во дводневна посета на Косов утре ќе пристигне бугарскиот претседател Румен Радев, соопштија од кабинетот на претседателката на Косово, Вјоса Османи, пренесе Бета.

Османи, ќе го прими претседателот Радев со државна свеченост со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Ибрахим Ругова“, се наведува во соопштението.

По средбата Османи и Радев ќе одржат заедничка прес-конференција.

Засега нема информации со кого друг ќе се сретне бугарскиот претседател при посетата на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот