Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови. Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер особено долж  Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Температурата, според УХМР, денеска ќе достигне до 19 степени на југоистокот на земјата, во Скопје и во Охрид до 16, во Штип до 15, Битола до 14, Берово до 13…

Утре и в недела врнежи ќе нема, в сабота максималната температура ќе достигне до 23, а в недела до 24 степени. В понеделник ќе има услови за дожд во вечерните часови, а температурите ќе бидат слични на денешните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот