Кејт Мидлтон и принцот Вилијам/ Роуз Ханбери/Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Профимедиа

Пресврт на кралскиот двор: Британските медиуми пишуваат за неочекуваниот потег на наводната љубовница на принцот Вилијам

Британската кралска палата, на почетокот на оваа година, го потресе скандал бидејќи почна да се шпекулира за наводната љубовница на принцот Вилијам.

Набрзо низ светот се прошири веста дека идниот крал на Англија има афера со, ни помалку ни повеќе, поранешната најдобра пријателка на својата сопруга. Во прашање е Роуз Чолмондели, маркиза од Чолмондели, попозната како Роуз Ханбери. А сега следува пресвртот во приказната.

 


Во британските медиуми одекна веста дека Кејт Мидлтон со пријателите била кај Роуз и нејзиниот сопруг на вечера. Се чини дека Роуз ја поканила Кејт кај себе, а интересно е дека Вилијам не бил таму.

 


За нештата да бидат поинтригантни, по вечерата, Кејт инкогнито отишла на рејв-фестивалот што се одржувал таму, во имотот на Роуз, Хотон Хол.

„По вечерата, еден од гостите ѝ предложи на Кетрин да одат на фестивалот. Таа беше нервозна поради идејата, но откако разговараше со своето обезбедување, замина. Вилијам не беше таму“, изјавил извор за британските медиуми.

 


Роуз е, инаку, една од најдобрите пријателки на Кејт и е многу блиска со членовите на кралското семејство. Но, откако претходно протекоа спорните фотографии, Кејт и Роуз наводно ги прекинале сите врски и го прекинале своето пријателство. Недолго потоа, на Роуз ѝ било забрането да учествува на сите настани на кралското семејство каде што беа присутни Вилијам или Кејт.

Оваа афера наново се споменуваше во јавноста и откако Кејт признала дека не очекува ништо од својот сопруг на „Денот на вљубените“ и имплицирала дека тој не е толку романтичен како претходните години.

Исто така, во меѓувреме, повторно „испливаа“ фотографиите од настанот во 2016 година, ретки на кои може да се видат двата пара заедно. Станува збор за хуманитарна гала вечера за помош на детска болница организирана од Чолмондели. На фотографиите јасно може да се види дека Кејт го нема вообичаениот опуштен израз на лицето, а многумина коментирале дека изгледа како да ќе експлодира од гнев. Роуз, од друга страна, имала речиси покајничко држење.

 

ФОТО | Која е Сара Роуз Ханбери, жената со која принцот Вилијам ја изневерил Кејт Мидлтон?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот