Прелиминарни резултати од испитувања: Вакцината на кинески „Синовак“ безбедна за деца и адолесценти

Фото: EPA-EFE/Bagus Indahono

Вакцината „Синовак“ е безбедна за деца и адолесценти и може да предизвука имунолошки одговори кај нив, покажуваат прелиминарните резултати од испитувањата, соопшти кинеската компанија.

Прелиминарните податоци беа од клиничките испитувања во фаза 1 и фаза 2 во кои учествуваа преку 500 лица на возраст меѓу три и 17 години кои добија две инјекции од ниска и средна доза на вакцината или плацебо, пренесува агенцијата Ројтерс.

Најголем дел од негативните реакции биле благи, се наведува во дописот на компанијата, јавува Танјуг.

Нивото на антитела што ги предизвика вакцината на „Синовак“ бил поголем од оние што се забележани кај лицата на возраст од 18 до 59 години и повозрасни во раните клинички испитувања, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот