Преку 850.000 Американци аплицирале за надомест за невработени

Бројот на неделни апликации од невработени Американци кои првпат аплицираат за државни бенефиции нагло скокна минатата недела на вкупно 853.000, што е далеку над ревидираните 716.000 пријави поднесени претходната недела, соопшти денеска Министерството за труд на САД.

Економистите анкетирани од компанијата „Дау Џонс” предвидоа дека 730.000 луѓе ќе аплицираат за помош, пренесува Си-Ен-Би-Ес.

Ова е најголем вкупен неделен број на барања за нови невработени од 19 септември и ја илустрира неодамнешната тешка состојба на пазарот на трудот предизвикана од зголемувањето на случаите на коронавирус, што ги наведе локалните самоуправи и некои федерални влади повторно да воведат ограничувања на одредени активности.

Бројот на невработени кои веќе ја примаат оваа помош и бараат трајни бенефиции, исто така, се зголеми за 230.000, на 5,76 милиони, прво зголемување од крајот на август. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот