Фото: Alleksana/Pexels

Предлог за совршен ручек: Рецепт за сочни и вкусни лазањи со мелено месо

Месо, тестенини, крем сос, кашкавал. Јадењето што ги содржи сите овие состојки мора да биде вкусно, нели? Докажано е дека постои поврзаност помеѓу одредени намирници и подобрување на емоционалната состојба, а тестенините се издвојуваат како храна што може да го зголеми чувството на среќа.

Состојки:

– 1 пакетче лазањи
– 500 грама мелено месо
– 200 грама рендан кашкавал
– 1 главица кромид
– 2 лажици масло
– 3 чешниња лук
– 3 лажици доматен сос
– оригано
– магдонос
– црн пипер
– вегета
– 1 лажица бешамел сос

Подготовка:

Исечкајте го кромидот и ставете го да се пржи во тавче со загреано масло.
Ставете на оган тенџере со солена вода. Откако водата ќе започне да врие, додајте ги лазањите да се варат.
Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето додајте го и меленото месо. Постојано мешајте.
Откако месото ќе ја промени својата боја, во тавчето додајте ги и доматниот сос, лукот, ориганото, магдоносот, пиперот и вегетата и пржете додека не ја добиете посакуваната густина.
Во добиената смеса додајте го сосот бешамел.
Откако ќе ги сварите лазањите, земете тава за печење, премачкајте ја со масло и наредете еден ред лазањи. Над нив ставете од смесата со мелено месо и рендан кашкавал, па потоа пак ред од лазањите. Постапката се повторува додека не ги наредите сите лазањи.
Најгорниот слој треба да биде со лазањи. Врз него ставете го остатокот од ренданиот кашкавал.
Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200 степени Целзиусови.
Добар апетит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот