Пред самитот ЕУ-Западен Балкан: Поддршка за Албанија, задршка за Македонија

Самит ЕУ-Западен Балкан/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

На утрешниот Совет за општи работи (ГАК) на ЕУ ќе се знае дали Македонија и Албанија ќе го продолжат патот кон Унијата заедно или одвоено, велат високи извори од ЕУ.
Тие не прецизираат дали ќе има одлука за раздвојување на двете земји, но нагласуваат дека ќе има добри вести за Албанија, која ја нарекоа успешна приказна. Нивната желба е да нема раздвојување на пакетот Македонија – Албанија, па не кажаа прецизно кога би се одржала втората меѓувладина седница, оставајќи за тоа да реши шпанското претседателство со ЕУ, кое завршува на 31 декември.

– За тоа кој е нашиот став за раздвојувањето. Од страна на претседателот на ЕУ ние би сакале да ги видиме и двете, Албанија и Северна Македонија, како се движат по пристапниот пат. На прашањето за точното време кога ќе го одржиме втората меѓувладина конференција, би оставиле малку време на шпанското претседателство. Со задоволство ќе ги споделиме заклучоците за ова конкретно прашање по завршувањето на утрешниот Совет за општи работи утрe, брифираат официјални претставници на Унијата.

Советот се одржува еден ден пред самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој, според истите извори, ќе има заедничка декларација во која ќе ги поканата шесте земји од западен балкан да се усогласат зо заедничката надворешна политика на Унијата.

На Самитот на ЕУ, пак, што ќе се одржи во четврток и петок се најавува интензивна дискусија за проширувањето и с еочекува да потврди европската перспектива на партнерите од Западен Балкан, со почитување на европските вредности и принципи. Сепак, европските дипломати потсетуваат дека на Унијата ѝ се неопходни и внатрешни реформи за да биде подготвена за проширување.

Што се однесува до земјите од Западен Балкан, тие ќе бидат потсетени за значењето на регионалната соработка и добрососедските односи, бидејќи им требаат партнери кои работат на долгорочни решенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот