Пред 61 година почина најпознатата русокоса во историјата: Ова се последните зборови на Мерилин Монро

Profimedia
Фото: Профимедиа

Помина 61 година од смртта на Мерилин Монро, симбол на сексуалната револуција од 50-тите и раните 60-ти и една од најпознатите холивудски актерки во историјата на глобалниот шоубиз. Таа беше погребана на 8 август 1962 година на гробиштата во Меморијалниот парк во Вествуд Вилиџ.

Нејзините улоги сè уште се прераскажуваат, исто како моментот кога нејзиниот бел фустан се крена во филмот „The Seven Year Itch“ и ги откри нејзините извајани нозе, како и незаборавното пеење на роденденската песна на тогашниот американски претседател Џон Кенеди.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Нејзината лична роденденска честитка во која на Џон Кенеди му ја испеа „Happy Birthday“, потресе многу односи. За тајната врска на Мерилин и поранешниот американски претседател и денес се шпекулираат разни приказни.

Во книгата „Овие неколку скапоцени денови: Последната година на Џек со Џеки“, на писателот Кристофер Андерсен, се наведува дека првата дама Џеки Кенеди знаела за сите афери на нејзиниот сопруг, за љубовниците по име, што навистина ја вознемирило, но била подготвена да замижува. Меѓутоа, аферата со славната Мерилин, наводно, најмногу ја вознемирила бидејќи во тоа време убавата русокоса била вистинска дива, па постоела голема опасност прељубата да стане голем скандал, со што ќе го уништи угледот на Кенеди, но и нејзиниот брак.

Фото: Профимедиа

Кога Мерилин беше пронајдена мртва во нејзиниот кревет во нејзиниот дом во Брентвуд, со раката преку телефонот и шише со таблети за спиење на креветот, луѓето ширум светот го поставија истото прашање: Како може една толку талентирана и неверојатно убава актерка да умре – на само 36 години?

Шокантната смрт на една од најголемите холивудски ѕвезди предизвика децениски шпекулации за тоа дали нејзиното предозирање било самоубиство, несреќа или нешто уште пострашно. Но, јавноста веројатно никогаш нема да ја дознае вистината. Норма Џин Мортенсон, односно Мерилин Монро, таа информација ја однесе со себе во гроб.

Теориите на заговор отидоа дотаму што канцеларијата на окружниот обвинител во Лос Анџелес повторно ја отвори истрагата за смртта на актерката во 1982 година – 20 години подоцна. Но, многумина беа разочарани од одговорите. Потврдено е дека нејзината смрт и понатаму се води како предозирање.

Во нејзиниот дом во Лос Анџелес ја пронашол лекар кој потврдил дека починала од предозирање со таблети за спиење. Лекарот бил повикан околу три часот наутро од нејзината куќна помошничка Јунис Мареј.

Мерилин Монро
Мерилин Монро / Фото: Profimedia

Последната личност со која разговарала Мирилин Монро беше Питер Лофорд, актер и сопруг на Патриција Кенеди Лофорд, попозната и како сестра на Роберт и Џон Ф. Кенеди. Сопружниците Лофорд биле блиски пријатели на познатата актерка, а во последниот телефонски разговор Мерилин му рекла на Питер:

„Кажи ѝ збогум на Пат. Кажи му збогум на претседателот. И кажи си збогум, бидејќи беше добро момче.“

Факти за Мерилин Монро кои можеби не сте ги знаеле

ФОТО | Мерилин Монро и Џо Димаџио: Љубов каква што му прилега на Холивуд

Пред 58 години Мерилин Монро беше пронајдена мртва: Живот и смрт покриени со велот на мистеријата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот