Правосудна Македонија е на колена, реагира Алтернатива

По објавата дека поради отсуство на дел од обвинетите, Апелацискиот суд Скопје ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април што значи дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков нема да биде осуден за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година, бидејќи кривичното дело застарува на 7 април со реакција и критики се огласи партијата Алетрнатива.

„Веста дека рочиштето за случајот ‘Титаник 2‘ е одложено за овој предмет да застари, е најточниот доказ не само за екстремната корумпираност на судскиот систем, туку и апсолутна причина да се прифати предложениот амандман за уставни измени од Алтернатива, според кој случаите на политичка корупција никогаш не можат да застарат“, соопшти Алтернатива.

Од партијата велат дека предметот за Мијалков е подарок и за министерот за правда, кој се уште не се изјаснил за предлогот на Алтернатива за борба против политичката корупција.

„Сепак, се надеваме дека оваа одлука не е дел од преговорите за создавање мнозинство за уставни измени. Ако политичката корупција е алатка за евроинтеграциската агенда, тоа покажува дека европскиот сон на оваа земја е во залез“, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот