Правилата за граѓаните на Косово кои мора да ги почитуваат за патување во Шенген зоната од 1 јануари

Од 1 јануари 2024 година, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Шенген зоната без визи за краткотраен престој. Безвизното патување значи дека можете слободно да патувате во земјите од Шенген зоната, но нема да можете да работите, пренесува А2 Си Ен Ен.

Безвизниот режим им овозможува на граѓаните на Косово да патуваат без виза како туристи, да ги посетат пријателите или семејството, да учествуваат на културни или спортски настани, деловни состаноци, медицински третмани, семинари, конференции, работилници, летни школи и каква било слична активност. Европскиот парламент во април годинава ја одобри одлуката за либерализација на визите за граѓаните на Косово, со што беа завршени процедурите за одлучување за ова прашање. Одобрувањето во Европскиот парламент беше направено без гласање, бидејќи немаше опозиција.

Земји каде што ќе може да се патува без виза до 90 дена:

Европската комисија во одлуката за либерализација појасни дека и по либерализацијата на визите, имателите на косовски пасоши нема да можат да патуваат во Шпанија, земја која не ја признава ниту независноста на Косово, ниту нејзините пасоши. Државите вклучени во одлуката за либерализација на визите за косовците се: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд. Република Косово во моментов е единствената земја на Западен Балкан чии граѓани не можат слободно да се движат во Шенген зоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот