Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ позитивна на ковид-19

Фото: МИА

Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на ковид-19, потврдуваат од пратеничката група.

Според информациите на МИА, таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, но две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието.

Покрај неа, во изминатите денови беше објавено дека позитивни на тестот за ковид-19 се и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Претходно, пак, инфициран со коронавирусот беше и Арбен Зибери, кој за изборот на Влада гласаше од посебна просторија во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот