Јујтуберот На Донг-хјун - Фото: Притнскрин/ Јутјуб

Познат јутјубер пронајден мртов во својот стан: Обдукција ќе ја утврди причината за смртта

На Донг-хјун, еден од најпознатите корејски јутјубери, беше пронајден мртов во својот дом во Сеул откако не се појавил на закажан состанок, пренесува „Економик тајмс“.

47-годишниот јужнокорејски јутјубер „Големата библиотека“ (или Даедосеогван), кој се појави и во серијата „Влијателниот“ на Нетфликс, беше пронајден од полицијата околу 8:40 часот наутро во неговиот дом во источен Сеул, откако познаник пријавил дека е исчезнат.

Во извештајот се наведува дека јутјуберот не се појавил на закажаниот состанок и не бил достапен по телефон.

Властите соопштија дека на местото на настанот не е пронајдена проштална белешка. Тие додадоа дека смртта немала никакви непосредни индикации за убиство или самоубиство.

Според ажурираниот извештај на YTN, полициски службеник изјавил:

– Се претпоставува дека На Донг-хјун починал од некоја основна болест – додавајќи дека обдукцијата ќе ја потврди причината за смртта.

На Донг-хјун ја започна својата кариера како водител околу 2010 година, стекнувајќи слава како еден од најраните интернет стримери во Јужна Кореја. Со текот на годините, тој го изгради своето име и стекна голем број следбеници на социјалните медиуми, а на крајот собра 1,44 милиони претплатници на Јутјуб.

Во последниве години, тој најчесто објавуваше видеа од реакции на натпревари, одржувајќи активно присуство на Интернет. Интересно е што само два дена пред неговата смрт, На Донг-хјун присуствуваше на Неделата на модата во Сеул, пролет/лето 2026, во Донгдемун Дизајн Плаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот