Метју Пери на забава на „Џеј-кју“ / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Познат американски доктор се огласи: Ако Метју Пери умрел од срцев удар, веднаш ќе дознаевме

Смртта на актерот Метју Пери, чие безживотно тело беше пронајдено во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес, со денови ја интригира јавноста, а сега се огласи и познатиот доктор Мајкл Баден кој рече дека има сомнежи зошто сè уште се премолчува причината за смртта на актерот, пишува „Фоксњус“.

Имено, во извештајот за токсикологија, објавен пред неколку дена, се наведува дека актерот не консумирал фентанил или метамфетамин. Исто така, во неговото тело не се пронајдени траги од тие материи.

Сега, ексклузивно за „Фокс“ д-р Мајкл Баден од Њујорк тврди дека е чудно што сè уште не е позната причината за смртта на славниот актер.

„Доколку Метју Пери умрел од срцев удар, тоа веднаш би се видело и тие би го кажале тоа. Сега имаме увид на еден дел од токсикологијата, а тоа укажува дека поради некоја причина тие го задржуваат остатокот од неа“, изјави Баден.

Баден истакна и дека е можно актерот, кој беше пронајден во џакузито, да „умрел од топлотен удар“.

„Сигурно е дека починал од природна смрт, особено ако се има предвид неговата медицинска историја“, заклучил докторот.

Да потсетиме, извори од странските медиуми открија дека ќе биде направен уште еден длабински тест кој треба да покаже дали Пери имал недозволени супстанци во телото во моментот на неговата смрт, но резултатите би можеле да потраат со месеци.

Зошто „пријателите“ го напуштија погребот на Метју Пери? Не присуствувале на приватната церемонија

ФОТО | Досега необјавена фотографија на Метју Пери и Џенифер Анистон: Снимена во 1995 година, откриена приказната што стои зад неа

ФОТО | Погребан Метју Пери, „Пријателите“ се испратија со својот драг колега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот