Пожар на Стара Планина, нема загрозено население и објекти

Фото: МИА/Илустрација

Пожарот што ја зафати бугарската страна на Стара Планина се префрли и во српскиот дел на планината, каде што гори трева и ниска вегетација.

Началникот на секторот за вонредни ситуации Предраг Мариќ информира дека нема загрозено население во пожарот кој избувна вчера во 13 часот.

– Напоменувам дека нема загрозено население, ниту објекти и дека на терен се сите расположиви средства и персоналот од Секторот за вонредни ситуации кој работи на локализација на пожарот, наведува Мариќ во соопштение.

Тој додава дека моментално не постојат услови за гасење на пожарот од воздух поради зачаденост.

Како што наведе, во интервенцијата на исклучително непристапен терен учествуваат 67 пожарникари од Противпожарните единици на Пирот, Димитровград, Бабушница, Ниш, Заечар, Лесковац, Смедерево, Панчево и Белград со 20 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот