Повторените тестови на Борисов и Желева се негативни, но уште двајца од Советот на министри се позитивни

Така, вкупниот број на заразени вработени со Ковид-19 во оваа земја се искачи на четворица.

Повторените тестови на бугарскиот премиер Бојко Борисов, шефицата на неговиот политички кабинет Деница Желева и членовите на тимот на премиерот, се негативни, јави Бгнес.

Сите вработени во администрацијата на Советот на министри се тестираат откако на почетокот на оваа недела двајца вработени во администрацијата беа заразени со Ковид-19.

Во моментов, како резултат на тестовите, идентификувани се два нови случаи на заразени вработени во Министерскиот совет.

Така, вкупниот број на заразени вработени со Ковид-19 се искачи на четворица. Поголемиот дел од администрацијата во бугарската Влада веќе е тестиран, а резултатите од најновите тестови се очекува да бидат познати до понеделник.

Претходно Бгнес јави дека Желева има позитивен тест на Ковид-19 а Борисов е негативен но е ставен во карантин додека се чека втор негативен тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот