Повредени мигранти пронајдени во возила кои учествувале во сообраќајка на патот Гевгелија-Богданци

Полиција / Фото: МИА

Тројца мигранти од Сирија се пронајдени повредени во две напуштени возила кои учествувале во сообраќајна незгода на регионалниот пат Гевгелија-Богданци.

„На 03.10.2023 околу 14.45 часот на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, при извршување на полициски активности, во близина на две напуштени патнички возила, „алфа ромео“ со велешки регистарски ознаки и „форд“ со скопски регистарски ознаки, кои претходно учествувале во сообраќајна незгода, биле пронајдени три лица илегални мигранти од Сирија со повреди од сообраќајната незгода. На лицата по што им била укажана лекарска помош од Итната медицинска помош Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот