Повозрасна Јапонка извлечена жива од урнатините, 120 часа по катастрофалниот земјотрес

Земјотрес Јапонија / Фото EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Шест дена по катастрофалниот земјотрес во Јапонија, јапонските спасувачки тимови извлекоа посвозрасна жена од под урнатините на урнатата зграда во градот Сузу, објавија јапонските медиуми.

Жената, за која нејзиното семејство рече дека има повеќе од 90 години, поминала повеќе од 120 часа во урнатините на својот дом. Таа била примена во болница во тешка состојба.

Сузу е еден од јапонските градови најтешко погодени од земјотресот.

Според последните податоци, бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија е веќе 126, а повредените се повеќе од 550. Се уште се трага по повеќе од 200 луѓе.

На 4 јануари спасувачите извлекоа 72-годишна жена од урнатините на нејзиниот дом во областа погодена од земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот