Повисоки плати за 10 отсто за вработените во Град Скопје и во јавните претпријатија

Фото: Град Скопје

Градската администрација и вработените во јавните претпријатија ќе добијат плати зголемени за 10 отсто, откако градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпиша колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје. Притоа Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа.

Пред неполни две години градоначалничката Арсовска уште при преземањето на функцијата градоначалник на Град Скопје, ја поддржа иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпиша нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите. Дополнително во 2022 година Град Скопје беше првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6000 вработени, се вели во соопштението од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот